ВМРО-ДПМНЕ: Членската на СДСМ ќе стане втора лична карта

by Fokus

„Поминаа 20 дена од објавувањето на скандалозната снимка на која се гледа како пратеникот од СДС, Курто Дудуш, ветува амнестија за сторен криминал за граѓаните кои поседуваат членска книшка од СДС, а се уште нема реакција и осуда од партијата на власт, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев во предизборите со полна уста зборуваше за еднаквост помеѓу граѓаните, сега гледаме дека под режимот на Заев некои ќе бидат подеднакви од другите. Скандал од невидени размери и срам за целиот демократски свет е пратеник од владејачка партија да ветува неказнивост при сторен прекршок или криминал, привилегии на лекар и добивање на социјална помош за граѓаните кои поседуваат членска книшка на политичка партија – се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости