Димитров: Ако нема услови за избори, тогаш треба да се врати политичка влада

by Фокус

Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека треба да се одржат избори доколку, како што вели, епидемиолозите и експертската јавност оценат дека е возможно да се одржат изборите.

– Ако ситуацијата со пандемијата се смирува, ако гледаме држави кои ќе одат на избори, тогаш е добро тоа да се направи. Се разбира, првиот приоритет е здравјето на граѓаните – рече Димитров на Топ Тема на Телма.

Ако нема услови за избори, тогаш тој смета дека треба да има политичка влада.

– Природата на оваа влада е да организира избори. Ако ова трае и ако нема  услови за избори, тогаш треба да има политичка влада. Која е улогата на оваа влада каде имаме кочење- праша Димитров.

Поврзани новости