МАНУ: Собранието може да се состане, владините уредби важат само во вонредна состојба

by Фокус

Иако е распуштено, Собранието треба да се состане и за тоа постои уставна основа во одредбите за прогласување воена и вонредна состојба, стои во анализата за вонредната состојва изготвена од МАНУ и професори од Правниот факултет при УКИМ.

„Собранието треба да ја преземе должноста што Уставот му ја одредува при вонредна состојба. Уставот не содржи ниту една одредба во која има правна пречка за свикување на Собранието. Пречка не е ниту распуштањето зашто мандатот трае до конституирањето на новиот пратенички состав. Доколку партиите не можат да постигнат консензус, Уставниот суд треба да пресече, да ја поништи Одлуката за распуштање на Парламентот и работите да се вратат на нивниот исправен уставен пат“, се наведува во анализа на МАНУ.

Научниот тим смета дека уредбите на Владата имаат законска сила, но престануваат да важат со престанокот на вонредната состојба, така што оние уредби кои имаат продолжено дејство мора да бидат потврдени од Собранието.

Поврзани новости