Димитриоска: Немам детали за ребалансот, ме вклучуваат само кога треба да потпишам задолжување

by Фокус

Дополнителната министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека допис со предлог да се направи ребаланс на Буџетот доставила на 24 март. Како што изјави на 24 Вести, таа сега нема детали за ребалансот што го најави министерката Нина Ангеловска.

-Уште на 24 март јас доставив писмен допис до министерката во кој имаше многу мои предлози и кои ставки треба да се скратат како најургентни. Ние сме месец и половина после тој датум кога го доставив тој допис и Министерството за финаснии започнува процедура околу подготовката на ребалансот на Буџетот. Немам детали за тоа што се случува околу тоа затоа што јас во Министерството со луѓето комуницирам кога имаат потреба да потпишам некое ново задолжување, а во однос на деталите околу пресметки, проекции не сум вклучена – рече Димитриоска-Кососка.

Поврзани новости