Димитриевски за измените на Кривичниот законик: Врана на врана очи не вади

by fokus

Градоначалникот на Куманово и некогаш член на СДСМ, Максим Димитриевски денеска преку Фејсбук реагираше на донесените измени на Кривичниот законик, со кои, како што вели, оваа корумпирана власт сака да се спаси себеси, но и оние пред неа.

-Оваа исплашена и корумпирана власт достави предлог Закон до Собрание на РМ со радикални измени во КЗ со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и тоа со европско знаменце во експресна постапка од три дена.
Јасна е нивната порака, “бродот тоне, спасувај се кој може, спаси го и тој пред тебе, реципроцитет и амнестија”, или народски кажано “врана на врана очи не вади”.
Само ќе порачам: NO PASSARAN, Нема правда нема мир!
ЌЕ ДОНЕСЕМЕ ПРАВДА!, порача Димитриевски.

Поврзани новости