Облачно и врнежливо време

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.

На некои места, според прогнозата, се очекуваат и краткотрајни поројни врнежи проследени со ретки грмежи.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од источен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер.

За утре, пак, се очекува подобрување на времето. Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Поврзани новости