Обвинетите од „Ќелија” се пишманат и ја признаваат вината

by Фокус

Иако на оцената на обвинителниот акт тие рекоа дека не се чувствуваат виновни за делата со кои се товарат, денеска уште петтeмина осомничени за случајот „Ќелија” ја признаа вината.

Ова значи дека сите обвинети за соработка со екстремната организација Исламската држава, се изјаснија за виновни.

Денешното рочиште дојде откако пред две недели одбраната побара дополнителен увид во доказите со цел да се подготви за главната расправа.

Според обвинението, една група обвинети подготвувале лица кои ќе одат да учествуваат во странска војска, друга група обезбедувале парични средства, а третата група учествувала во борбите на страната на Исламската држава во Сирија.

Обвинетите изјавиле дека доброволно го прават тоа и дека се свесни за последиците, а обвинителот Владимир Милошевски побара обвинетите да се прогласат за виновни согласно законските одредби.

Адвокатите, пак, побараа судијата да ги земе предвид сите олеснителни околности и да им изрече поблаги казни. Судот во среда ќе изрече казните за обвинетите.


Поврзани новости