Џафери веднаш ја потпиша одлуката за разрешување на Јанева

by Fokus

Вечерва Советот на јавни обвинители ќе постапува според одлуката на Собранието , која веднаш по гласањето им ја испратил собранискиот спикер Талат Џафери.

Предлогот за разрешување на Јанева од Собранието веќе стигнал во Советот , чија седница почнува вечерва во 19 часот.

Советот на јавни обвинители ќе треба да и ја одземе функцијата на досегашната шефица на Специјалното јавно обвинителство , Катица Јанева , која е во притвор во Шутка поради нестручно и невнимателно работење во случајот Рекет , каде е третоосомничена.

Во текот на денот , пратениците гласаа за да се разреши Јанева и тоа едногласно , со 102 гласа за и без ниту еден против или воздражани.

Поврзани новости