Собранието ја разреши Јанева со 102 гласа „за“ од пратениците

by Fokus

Од вкупен број присутни 105 пратеници во Собранието на Македонија, 102 гласаа за предлогот за разрешување на специјалната јавна обинителка Катица Јанева.

За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство.

Јанева е во притвор како третоосомничена за  случајот „Рекет“

На собраниската седница  единствена точка на дневниот ред, а тоа беше разрешувањето на Јанева.

Откако пратениците изгласаа „за“ разрешување на Јанева, предлогот се доставува до Советот на јавни обвинители кој го финализира разрешувањето. Постапката започна поради незаконито, несовесно и нестручно вршење на функцијата, откако Катица Јанева заврши во притвор како осомничена за случајот „Рекет“.

Поврзани новости