Џафери би свикал лидерска средба само ако така сакаат сите партии

by Fokus

Талат Џафери – претседателот на Собранието денеска изјави дека би свикал лидерска средба за договор за термин за претседателски и парламентарни избори само доколку претседателите на сите политичките партии би се согласиле на тоа.

„Прво и основно не е прашањето дали претседателот на Собранието би повикал или не лидерска средба. Мислам дека посоодветно е да се постави прашањето до лидерите на политичките партии дали би се одѕвале на евентуална покана и од тоа после зависи цела понатамошна постапка. Посоодветно би било прво информација да се има од волјата на лидерите да дојдат во Собрание. Од мој апскет нема никаков проблем таа волја да ја удоволам“, вели Џафери за државната МИА.

На прашањето дали би свикал средба доколку дел од партиите се противат на таквата идеја, тој вели дека нема смисла за таква средба, ако нема волја од сите.

„Ќе свикам, но што ако не дојдат сите? Јас не одредувам теми за разговор“, вели Џафери.

Повтори дека роковите за редовни термини за изборите се јасно, прецизно, пропишани со Устав и со закон, но и дека има простор за договор. Но само до крајот на годината.

Поврзани новости