Трајковски: Мора да ја победиме Украина!

by Fokus

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски смета дека мечот со Украина во Прага ќе биде клучен за „рисовите“, затоа што во ноември следуваат двата тешки предизвици – Италија и Англија.

„Нѐ очекува многу важен натпревар, веројатно клучен за нас. Треба да се фокусираме на овој меч, да го анализираме противникот и да се обидеме да победиме. Овој дуел е навистина многу важен за нас и би бил пресреќен ако успееме да триумфираме. На првиот натпревар со Украина мислам дека доминиравме до 60. минута. Знаеме дека имаме квалитет и можеме да играме со сите селекции. Мора да имаме позитивен менталитет, само така ќе можеме да се надеваме на успех. Играме на гостински терен, но и за Украина теренот е непознат. Последните резултати на Македонија беа одлични. Се надевам дека ќе продолжиме во сличен ритам, зашто само така може да напредуваме и да го градиме тимот. Имаме одлични поединци, владее позитивна атмосфера меѓу играчите и се надевам тоа да го преточиме на теренот“ – изјави Трајковски.

Натпреварот помеѓу Украина и Македонија се игра на 14 октомври во Прага, со почеток во 15:00 часот.

Поврзани новости