Децата и родителите на Детска клиника се негативни на Ковид 19

by Фокус

Резултатите од тестирањата на сите деца хоспитализирани на хематоонколошкото одделение и на нивните родители кои престојуваат со децата за време на лекувањето се негативни на Ковид 19, соопштија од министерството за здравство.

„Следно, превентивно ќе се направат и тестови на сите вработени од хематоонколошкото одделение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе информира, се наведува во соопштението.

Поврзани новости