Дете од Кочани е тешко повредено откако возило излета од патот

by Fokus

Малолетник е тешко повреден во сообраќајна несреќа откако кочанчанец кој управувал со „опел астра“ изгубил контрола над возилото и излетал од патот Штип-Кочани, информираа од МВР.

„Вчера околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип – Кочани, Н.К.(48) од Кочани, управувајќи патничко возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, додека со телесни повреди се здобиле возачот Н.К. и сопатничката Н.К.(37) од Кочани. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип“, велат од МВР.

Поврзани новости