Детална метео анализа: Стабилизирање на времето од петок

by Fokus

Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено во попладневните и во вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со град. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од југоисточен и од југозападен правец. Максималните дневни температури, и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината особено доцна попладне и навечер ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Утре сеуште ќе има повремени локални врнежи од дожд а има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура позначително ќе опадне и ќе се искачува во интервалот само од 15 до 23 степени. Во петок и за време на викендот ќе имаме стабилно и суво време без врнежи, температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Исто така во петок и во сабота ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец, истиот на некои места повремено ќе засилува.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости