Деспотовски нема да ја следи изборната комисија

by Фокус

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, извести дека се откажува од статутарното право да предложи свои претставници кои ќе ја следат работата на Централната изборна комисија и општинските изборни комисии, како и претставник и заменик во секој избирачки одбор.

„Се откажувам од ова право, затоа што СДСМ значи заедништво, доверба. Но, првенствено дека мојата цел со оваа кандидатура е единство, бидејќи верувам во интегритетот на нашето огромно семејство социјалдемократи, чесни луѓе кои силно ја вреднуваат демократијата и партијата“, напиша Деспотовски на фејсбук.

Тој додава дека внатрепартиските избори ќе бидат, како што истакнува, вистински празник на демократијата и тие, според него, ќе создадат нова политичка култура во целата земја.

Поврзани новости