Зечевиќ има средби со Ковачевски

by Фокус

Поранешниот организациски секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, кој најави кандидатура за партиски лидер но подоцна се предомисли, тврди дека неговото појавување не е со цел да влезе во фаза на преговарање за позиција во идното сдсмовско раководство.

-Почувствував еден внатрешен порив. Јас со години работам во таа партија – рече Зечевиќ на Канал 77, додавајќи дека редовно се гледа со заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, кој е еден од тројцата кандидати за наследник на Зоран Заев.

Според него, за поразот на СДСМ на локалните избори има повеќе причини – државна политика, локална политика, неквалитетни, нестручни кадри кои вршеле функции итн.

-Апсолутно беше погрешно вадење на ЛДП и ДПМ од аспект на водење на кампања и коалиција. Да одлучував, немаше тоа да го дозволам. Реално тоа се покажа на резултатите. Постои клонирано незадоволство на граѓаните, треба да најдеш тоа да го канализираш – рече Зечевиќ.

Тој истакна дека после подолго време се видел и со Заев, кому, како што посочи, му рекол да остане на позициите.

Поврзани новости