Денко Малески, Емил Нијами и Шербеџија меѓу добитниците на наградите „13 Ноември“

by fokus

По повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември вечерва во Филхармонијата беа доделени 13-ноемвриските награди на овогодишните добитници, кои дале својот придонес за напредок на Градот Скопје.

Добитници на наградата „13 Ноември“ за 2021 година се:

Од областа на науката – проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами

Од областа на образованието и воспитанието – проф. д-р. Мишо Докмановиќ.

Од областа на публицистиката – Слободан Петровиќ.

Од областа на културата – Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева

Од областа на уметност – Емилија Џипунова.

Од областа на здравствена заштита – Тим за имунизација од Ковид-19, при Здравствениот дом – Скопје и медицински тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Северна Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови.

Од областа на меѓународна награда – Раде Шербеџија

Од областа на ученици и студенти – Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ и село Стајковци, Општина Гази Баба.

На 1 ноември беше спроведено тајно гласање од страна на Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, по што претседателката на Комисијата, Вангелина Мојановска ги соопшти добитниците за 2021 година.

Поврзани новости