Денеска температури и до 38 степени, можно невреме во јужните делови

by fokus

УХМР информира дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и ќе биде активирано жолто ниво на опасност од висока температура.

Попладне во јужните делови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури се движат од 13 и 22, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 38 целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Температурата ќе достигне до 38 степени.

Поврзани новости