Најчевска: И Ковачевски и Мицкоски се шарлатани

by fokus

Време е да запреме, да не прифаќаме уставни измени и да не одиме на вонредни избори, вели професорката Мирјана Најчевска во интервју за „Макфакс“.

Таа вели дека Македонија треба да почека да се промени ситуацијата во ЕУ, каде што, како што вели, има силни струења, кои се насочени кон тоа да го променат начинот на гласање во ЕУ, односно ветото веќе да не биде нешто со кое една или две држави ќе може да спречат процеси што се одвиваат.

Како што вели, Мицкоски и Ковачевски се шарлатани и тие и се случајни луѓе, кои во случаен момент дошле на позициите и многу е лошо што такви луѓе се на позиции на двете најголеми политички партии.

-Ковачевски вели дека овој предлог, најнегативниот можен предлог што го даде Франција, бил македонски. Колку треба да си голем шарлатан за да можеш такво нешто јавно да кажеш, дека ти самиот сакаш да бидеш понижен, дека сакаш да бидеш третиран како народ од втор ред, прашува Најчевска.

 

Поврзани новости