Денеска продолжува потрагата по 16 годишното момче

by Fokus

Денеска продолжува потрагата по 16 годишното момче кое исчезна во Преспанското езеро. Оваа потрага по малолетното момче кое исчезна во водите на Преспанското езеро синоќа беше привремено прекината поради временските услови, но рано изутринава продолжува се до пронаоѓање на момчето, потврдиле од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти претходно МВР, во Полициска станица Ресен завчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.

Поврзани новости