Дечиња во социјален ризик бесплатно ќе ги користат услугите на Зоолошката градина

by fokus

Зоолошката градина Скопје денеска потпиша Меморандум за соработка со граѓанското здружение „Проект Среќа“ со што дечиња во социјален ризик ќе можат да ги користат услугите на Зоолошката бесплатно.

-Денес на наше огромно задоволство, потпишавме меморандум за соработка со нашите стари пријатели Проект Среќа. Тоа значи дека дечињата во социјален ризик ќе можат да ги користат сите услуги на зоолошката градина бесплатно, а во дел од просториите ќе можат да организираат предавања и работилници ,но и родендени за децата на Проект Среќа!, објави директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

Поврзани новости