Новороденче оставено на тротоар на булеварот „Македонско Косовско бригада“

by fokus

Новороденче било оставено денеска на тротоар во скопската населба Топанско Поле, јавува 24 Инфо.

Очевидци соопштиле дека бебето било туку што родено и целото во крв кога го забележале минувачи околу 11 часот на булеварот „Македонско Косовско бригада“. Новороденчето било голо и оставено на тротоарот покрај тревник. Во непосредна близина, на улицата, била фрлена папочната врвца која ја пресекла мајката по породувањето.

Бебето со возило на Итна помош веднаш било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поврзани новости