Дебарчанец загина кај клучката „Смилковци“

by Fokus

Утрово кај клучката „Смилковци“ загинал жител на Дебар, откако со својот автомобил излетал од патот, информираат од МВР.

„На 13.07.2021 во 05.10 часот било пријавено дека на Скопската обиколница, кај клучка „Смилковци“, комбе со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(52) од Дебар, излетало од патот. На местото на незгодата починал возачот. Смрт констатирал лекар, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости