Дачиќ за ситуацијата на Косово: Ќе победи оној што ќе задржи ладна глава

by fokus

По повод актуелната ситуација на Косово, претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, оцени дека се работи за „војна на нерви“ и дека ќе победи оној што ќе задржи ладна глава.

Дачиќ за ТВ Пинк изјави дека таму се води голема дипломатска битка, дали ќе се продолжи со еднострани дејствија или нема да се дозволат, а она што е потпишано претходно ќе се почитува, додавајќи дека Србија ја очекува интензивен период.

– Западот би сакал да најде решение за проблемот на Косово, но тоа веќе го има осмислено, а тоа е признавање независност на лажна држава. Тие би сакале мирно или со сила да се реши на тоа, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека „многумина палат фитил на Косово, бидејќи ако ситуацијата е мирна, се губи значењето на нивната улога кога станува збор за меѓународните претставници“.

– Тие се тука на Косово со години, дури и во БиХ, со мотивација да придонесат за регионалниот мир и стабилност. Што би правеле доколку навистина постоеше регионална стабилност, ако немаше инциденти и сите проблеми беа решени, порача Дачиќ.

Поврзани новости