Бугарија финансиски ќе ги помогне македонските Бугари кои сакаат да ја тужат државата, рече Милков

by Fokus

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, во интервју за бугарската национална телевизија, изјави дека постои ескалација и зголемување на тензиите со Македонија.

-Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неусогласени со разбирањето и договорната основа. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на „францускиот предлог“. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес – изјави Милков.

Тој додаде дека Бугарија е подготвена финансиски да им помогне на граѓаните со бугарска самосвест во Македонија во правната битка што би ја воделе пред домашните и меѓународните судови.

-Ние сме подготвени да соработуваме со луѓето со бугарска самосвест во периодот кога тие ќе поднесат жалби до судовите во Македонија и до европските судови. Повеќето од нив можеби немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани – рече Милков

Поврзани новости