Бугарија бара германски царинци за преминот кон Турција

by Fokus

Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев, побара од Германија да испрати помош во цариници на граничниот премин „Капитан Андреево“ за да се намали корупцијата и да се овозможи побрз проток на луѓето и стоките.

Тоа Василев го побарал од германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, кој денеска е во Софија.

-Првата тема за која разговаравме беше можноста Германија да ги поддржи нашите напори на граничниот премин ‘Капитан Андреево’ со германскиот царински персонал, изјави Василев по средбата со Линднер.

Бугарските медиуми речиси секој ден јавуваат дека веќе два месеци состојбата на граничниот пункт е тензична по смената на приватната компанија која врши фитосанитарна контрола. Неа ја замени државна компанија, но тоа предизвика огромни редици камиони. Исто така, има извештаи за закани и мито на луѓе од кои зависи дали ќе се случи промената.

Двајцата министри разговарале и за германска поддршка за напорите на Бугарија за влез во еврозоната од 1 јануари 2024 година, како и за помош од Берлин за спречување перење пари, како и поголема нагажираност на Европското јавно обвинителство.

Министерот за финансии на Германија Кристијан Линднер, кој е во посета на Бугарија, ја пофали земјата за стабилноста на нејзините јавни финансии и дека Софија секогаш може да смета на поддршката на Берлин во оваа насока.

Поврзани новости