Бошњаковски: Не е само Архивот, 90 отсто од зградите на „Скопје 2014“ ги имаат истите проблеми

by fokus

Владата прави проценка колкава е штетата што ја предизвикале дождовите и поплавите во Државниот архив, но од таму додаваат дека врз архивската граѓа не е направена штета. На вчерашната владина седница биле разгледани можни решенија за проблемот, но конечно решение допрва ќе биде донесено.

-Настантата ситуација е резултат на исклучително нелогично однесување на претходната Влада, но нема да навлегуваме во тоа. Решението кое ќе го донесе Владата ќе биде долготрајно, во интерес и заштита на Архивот затоа што сме свесни дека тие документи се национално богатство на Република Македонија – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Како што рече тој, во врска со старата зграда на Архивот, кај комплексот судови, е направена таква конфузија што не е сигурно дека оваа институција ќе може да се врати во старите простории.

-Било кое решение не може да биде идеално ни за јавното обвинителство ни за вработените во Архивот. Приоритет ни е да го заштитиме националното богатство и материјалите. Второто важно е Архивот да продолжи со својата работа, а лабараторијата да почне да архивира материјали и да донесеме решение кое ќе биде функционално – посочи Бошњаковски.

Тој додаде дека не е само таа зграда,, туку дека 90 отсто од објектите на „Скопје 2014“ се со истите проблеми.

Поврзани новости