Бојан Маровиќ : А, да ги забраневте реалните шоу програми, наместо музиката !?

by fokus 17:28
17:28

  Црногорскиот поп пејач Бојан Маровиќ е непријатно изненаден од забраната за емитување на музика од македонски, српски, а од 10 октомври и од словенски и црногорски автори на територијата на Македонија.

Пејачот кој што во изминатава деценија имал стотици гостувања во нашата земја, на разни музички фестивали и во клубови и дискотеки, и кој што го имал својот прв солистички концерт во Скопје, вели дека не може да сфати како во 21  век е можно да и се ускрати музиката на една нација поради недоразбирањата на авторите.

- Advertisements -

,,Многу мои фанови од Македонија  ме известија за тоа што се случува со музиката кај вас. Тоа е ужасно и воопшто не се согласувам со забраната за емитување на музика. Јас сум автор на музиката и на текстот на повеќето мои песни, но никој никогаш не ми побарал забрана на емитување на моите песни во Македонија. Не можам да го сфатам ова, без оглед на тоа кои и да се причините на авторите. Да се забранат реалните шоу програми, тоа веќе би го разбрал, но музиката која што не спојува сите нас, и која што во изминативе години ни беше една светла точка… Значи сега ни остануваат реалните шоу програми, е баш супер! Замислете само, во Црна Гора да се забранат песните на Тоше, Калиопи, Влатко… Не разбирам зошто се трудат да го убијат сето тоа што вреди“, изјави за ,,Фокус“, Маровиќ.

Тој додава дека сеуште ги чува снимките на кои што пеел заедно со Тоше Проески, дури имал и една песна од него, имал снимки на кои што пејат стари македонски песни, а одреден период соработувал и со Влатко Стефановски.

,,Не можам да ја сфатам поентата на оваа забрана и сите овие делби! Жити мајка, не верувам!“- вели пејачот.

Забраната за емитување на словенска и црногорска музика стартува од 10 октомври, извести ЗАМП.

Вики Клинчарова

Поврзани новости