Богојески: Германска прецизност – Наградени се граѓаните, казнета е Владата

by fokus

Активистот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески ја поздрави најавата од Германија дека Македонија ќе ги почне пристапните преговори со ЕУ во декември 2019 година. Според него, ова значи дека наградени се граѓаните, а казнета е Влада. Вели дека итно е потребна нова Влада.

-Германска прецизност! Наградени сме граѓаните на Македонија! Аирлија нека е!
Декември ‘19 година, Македонија и ЕУ започнуваме со првата меѓувладина конференција / почеток на пристапни преговори со ЕУ!
До денес, не ја разбрав таа фиксација на сите од Македонија, со некаков си датум… важно е дека започнуваме преговори!
Како Македонец, од срце и се радувам на Македонија!
Казнета е Владата! Констатиран е ограничениот капацитет на оваа Влада, успешно да се подготви за тие преговори! Немаат ниту волја, ниту капацитет да предизвикаат вистинска длабока трансформација на македонското општество! Посветен тим треба да овозможи завршување на преговорите со ЕУ, некаде околу 2025 година!Актуелниов тим, тоа не го може ниту до 2030 година!  Итно е потребна нова Влада! Игнорирана е опозицијата!, вели Богоејски.

Тој ја критикува и неговата матична партија и ги повикува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на европскиот процес.

Констатирани се судбинските промашувања, слепилото на ВМРО ДПМНЕ!
Останавме надвор од “бугарското прашање”, надвор од “грчкото прашање”, надвор од “НАТО процесот”, а сега и надвор од “европскиот процес”!
ВМРО ДПМНЕ полека, но сигурно се движи кон “1934 година”… современо тоа значи пораз на следните Парламентарни избори ‘20 година… а пак тоа значи дека повторно ќе ја доживееме 1945 година… не бевме дел од решението за “Балканската Федерација”, сега нема да бидеме за Европската… која иронија! Секој еден вистински вмровец, кој знае дека Идејата на Организацијата е во суштина, во денешна смисла на зборот, еднаква на идејата за “Европска Македонија”, мора да се вклучи во “европскиот процес”!
Нема веќе простор да се чекаат “неразумните трговци” и нивните романтични приказни!
На нас ни доликува да сме носители на европскиот оптимизам… тоа извира од нашата Кауза!, вели Богојески.

Поврзани новости