Алиоски непожелен во ресторан во Прилеп, зашто зборувал албански: Се чувствувам посрамено

by fokus

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски доживеал повеќе од непријатни сцени денеска во својот роден град Прилеп, објави порталот Екипа.

По завршувањето на репрезентативните обврски, членот на англиски Лидс одлучи дел од летниот одмор да мине во својот Прилеп, град во кој е роден, а од каде потоа неговото семејство се сели на печалба во Швајцарија. Но, заедно со неговиот татко и мајка и блиски пријатели денеска доживеал крајно непријатна ситуација на која, како што ни изјави, ниту најмалку не се надевал.

Ситуацијата се променила кога всушност во ресторанот виделе дека се работи за македонскиот репрезентативец. Во ресторанот ја „промениле плочата“, но било доцна…

-Кога видоа дека зборуваме албански ни беше кажано дека се е резервирано барајќи да го напуштиме ресторанот… Потоа видоа дека сум јас, сфатија дека всушност сум фудбалски репрезентативец и одеднаш се создаде и место во ресторанот. Се извинуваа, но беше доцна за извинување. Не сакавме тука да останеме затоа што бев со пријатели и со моите родители и сите се чувствувавме непријатно и посрамено, вели Алиоски.

Поврзани новости