Богојески: Бегалецот Груевски и победата на Вардар ја искористи за да ја подели нацијата

by fokus

Реформистот во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, го коментира последниот фејсбук статус на пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, кој во честитка до вардарци порача дека нивниот триумф не им одговара само на оние кои посакувале клубот да се распадне, па сега ќе морале да им честитаат. Богојески вели дека е ова уште еден обид на Груевски да ја подели нацијата.

„Има само еден погнасен обид од оној на политичарите да си ги препишат на себе, заслугите на момците од Вардар… тоа е обидот на бегалецот, да го искористи и овој момент, да ја подели нацијата на пријатели и непријатели на Вардар. Спортските успеси ги обединуваат нациите, насекаде низ светот, само жалното македонЧе го делат… тешко и е на Македонија со нас македонЧињата! П.с. Честитки на сите Вие, кои сте дел од Вардар, зашто од ништо, направивте нешто! На Вас останува задачата да се заштитите себе си и сите Македонци, од неразумни трговци во политиката!!!“, напиша Богојески.

Поврзани новости