Продолжува сапуницата со Гризман

by fokus

Францускиот напаѓач Антоан Гризман се уште нема донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Претходно, 28-годишниот напаѓач рече дека ќе го напушти Атлетико Мадрид во текот на летото.

– Мојата иднина? Не знам, ова е многу добро прашање. Ајде да видиме, за сè треба време, изјави гризман.

Тој настапува за Атлетико од 2014 година. Во сезоната 2018/19, одигра 48 натпревари, постигна 21 гол и оствари 10 асистенции.

Вредноста на Гризман се проценува на 150 милиони евра.

Поврзани новости