Битолчанец тешко повреден во сообраќајка

by fokus

Триесет и деветгодишен битолчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера.

-На 27.01.2017 година во 19,50 часот во Битола, на ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Мазда 626“ управувано од Н.И.(32) од Битола и возило „Алфа Ромео 156“ управувано од П.М.(39) од Битола. Во незгодата П.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во болница каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување, информираат од МВР.

Поврзани новости