Насилници претепале скопјанец, му го скршиле черепот

by fokus

На 24-годишен скопјанец му бил скршен черепот, откако тројца насилници го претепале среде бел ден.

-На 27.01.2018 година во 17.55 часот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ со повреди од физички напад донесен бил Н.С.(24) од Скопје. На местото на настанот од страна на полициски службеници било констатирано дека истиот ден околу 17.30 часот на ул.„Вуковарска“, оштетениот бил физички нападнат од страна на Л.К., А.Б. и И.В., по што од удари со клоци и тупаници, Н.С. се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на череп). Лицето е задржано на понатамошно лекување на интензивна нега. Се преземаат мерки за  целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости