Битиќи: Веќе се одобрени 254 бескаматни кредити за малите и средни компании

by Фокус

Економските ефекти на коронавирусот ги чувствуваме апсолутно сите, но веќе се реализира вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14.500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14.500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата, изјави Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

-Државата се грижи и за лицата кои биле дел од неформалната економија и останале без приход, и а се запира и законот за извршување до крајот на јуни. Се забранува отварање на стечајна постапка, а отворен е и солидарен фонд за помош на граѓаните погодени од кризата – рече Битиќи.

Тој додаде дека веќе се одобрени 254 кредити за мали, микро и средни компании од бескаматната кредитна линија на Развојната банка, откако досега поднесени се над 1.050 барања за бескаматни кредити.

-Со цел да ви помогнеме во надминување на последиците од кризата, Владата донесе и Уредба со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба. Со оваа Уредба се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година. Истовремено, донесена е и Уредба која обезбедува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година. Ослободувањето од плаќање на аконтациите на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други компании кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19 – истакна Битиќи.

Поврзани новости