Бил нападнат со нож, па го удрил напаѓачот со кола

by Фокус

Вчера околу 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Гоце Делчев бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Б.А.(22) и Д.А.(31) од Скопје поради претходно нарушени меѓусебни односи.

Според пријавеното, Д.А. употребил и остар предмет и на Б.А. му нанел повреда на десната рака, по што Б.А. влегол во своето возило и со возилото го удрил Д.А.

По расчистување и документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани новости