НСП бара исплата на законска плата за затворската полиција за да престанат тужбите

by Фокус

Независниот синдикат на полицијата денеска на прес-конференција обвини дека се кочи донесувањето на Колективниот договор на вработените во затворската полиција и администрација од страна на, како што велат, „фантом синдикатите“ со, како што велат, има многу мал број членови.

-Целата јавност знае кој е тој синдикат затоа што остана со мал број членови по одредени затвори кои сакаат да доминираат во одредени затворски институции и го кочат процесот на брзо донесување на европскиот колективен договор со што ќе се затвори прашањето околу тужбите и околу проблемите кои се јавуваат со години наназад. Без овој договор ќе продолжат тужбите, ќе продолжи испумпувањето на паричниот износ кој по основ на закон им следува на вработените на затворската полиција, а досега ги добивале по пат на тужби, односно на судски пресуди – рече претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев.

Според него, ова е првпат за 29 години на иницијатива на овој синдикат да се носи колективен догововор за вработените во затворската полиција под надлежност на Министерството за правда, со кој ќе се прецизираат одредбите од Законот за извршување на санкции.

Горан Ристески од НС на затворската полиција и администрација при НСП, рече дека првпат биле консултурани во однос на измените на Законот за извршување на санкции кој е во сила од 29 мај 2019 година, со кој вработените добија повеќе права во делот на годишниот одмор и поголеми плати. Тој упати забелешка дека законот не се имплементира од страна на управата во затворите, која одбива тоа да го направи без претходно да биде донесен колективниот договор.

– Неимплементацијата на законот, освен тужбени трошоци ќе сноси и последици врз квалитетот на работата на сите вработени во Казнено поправните установи и Воспитно поправни установи. Ние како Синдикат поднесовме три предлог-правилници, последниот беше поднесен пред еден месец, а тоа е правилник за распоредување и унапредување во делот на затворската полиција согласно Законот за вработени во јавниот сектор, кој се уште не е потпишан од Министерството за правда – посочи Ристески.

Поврзани новости