Бектеши: Над 55% од граѓаните ги поддржуваат анти-кризните мерки

by Fokus

„Мерките кои ги носи Министерството за економија даваат резултат. Над 55% од граѓаните во дел од спроведените анкети ги поддржуваат антикризните мерки на Владата“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата во септември се намали на 6,6%, споредено со 8,3% во август 2023 година.

Намалување на трошоците за живот во септември според податоците на Заводот за статистика, споредено со август се бележи во делот на храна и пијалоци.

Поврзани новости