Бектеши: Да имаме развиен регион, а не да биде оставен како црна дупка во ЕУ

by Fokus

Лекцијата од Украина да ја научи ЕУ и во однос на европската перспектива на регионот и брза интеграција на сите земји и да не дозволи  Западен Балкан да биде црна дупка во Европа, порача министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши од Делфи економскиот форум во Грција, за време на неговото учество на панел дискусијата за тоа „Како кризата во Украина влијае на економиите во регионот“, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот истакна дека е незамисливо во 21 век да има војна на европскиот континент, посочувајќи дека тоа треба да биде лекција, „треба сите заедно да гледаме напред кон иднината, а не да се враќаме во минатото“, додавајќи дека во војната, руската страна „споменува прашања како што е историјата“.

-Да гледам напред за да имаме подобри стандарди за нашите граѓани, за да имаме поразвиен регион, кој не е регион што е вон Европа, туку е регион дел од Европа, да не биде оставен како црна дупка во ЕУ, порача Бектеши.

Поврзани новости