„Бејби бум“ во Србија, девет месеци после карантините од почетокот на пандемијата

by fokus

На девет месеци од почетокот на пандемијата на корона вирус, во Србија е регистрирано рекордно ниво на породувања во однос на последните 20 години.

Тоа го соопшти директорот на најголемото породилиште во Белград, д-р Жељко Миковиќ за државната телевизија РТС.

– Ова утро во нашата болница се роди 7.245-то бебе, а до крајот на годината очекуваме вкупно 7.700 новороденчиња. Тоа е најголем број на новородени за изминативе 20 години, изјави тој.

Поврзани новости