Го изгубила татко си пред 3 години, сега се бори за живот – исповед на братот на тешко повреденото девојче на вртелешката

by Fokus

Девојчето (12) кое беше тешко повредено при падот на вртелешката во Куршумлија и е во животно загрозувачка состојба е пренесено во болницата во Ниш, а моментално е во стабилна состојба.

Мајката на девојчето е во Клиничкиот центар покрај ќерката, а причините за несреќата се уште не се утврдени.

Како што откри братот на девојчето за „Телеграф.рс“ следните два до три дена се клучни, а нејзината состојба се следи под будното око на лекарите во Ниш, ги посочи и деталите кога дознал за страшната ситуација.

„Сестра ми има 12 години, знам се за тоа што се случи вчера. Таа отиде со другарките, пропуштија час на училиште, слегоа на рингишпил, се случи тоа што се случи. Бев на работа, а другарка ми ми кажа што се случи, веднаш излегов од работа и се упатив кон Прокупље“, ја започнува исповедта братот на девојката и продолжува:

„Додека стигнав во Прокупље, ме известија дека ја однеле во Ниш, дека е префрлена таму. Потоа отидов во Клиничката болница. Веднаш беше префрлена во вештачка кома и вентилатор. Нејзиниот мозок почна да отекува, мораа веднаш да го направат тоа затоа што утрово не можеше да ја поднесе таа болка, докторот рече дека е во тешка состојба и дека следните два-три дена ќе биде во добри раце“ раскажал Стефан Белошевиќ, братот на повреденото девојче кој рече дека пред три години починал нивниот татко.

Инаку тринаесет деца се повредени кога дел од вртелешката паднала на платото кај автобуската станица во Куршумлија. Петмина се згрижени во Здравствениот дом во Куршумлија, а седум во болницата во Прокупље.

Две лица се уапсени поради сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност.

Лекарите го пронашле девојчето во несвест во лоша општа состојба со лоши витални знаци. Во несвест и била дадена терапија за вакви ситуации и била испратена во Прокупље, каде била прегледана, а потоа префрлена во Ниш.

 

Поврзани новости