,,Бадвајзер” спонзорира фестивал на Македонска храна во Америка

by Fokus

Светски познатата пивара ,,Бадвајзер” ќе го спонзорира Фестивалот на Македонска храна, кој ќе започне утре во Њу Џерси, САД, и ќе трае до недела.

Веста дека светскиот гигант за производство на пиво се вклучил со свое спонзорство на традиционалниот фестивал ни ја потврдија нашинци кои живеат во Америка, и кои во изминативе неколку години, откако се одржува фестивалот се вклучени во неговата организација.

Покрај Бадвајзер, и нашинци од околината на Њу Џерси биле дел од спонзорите на настанот. Фестивалот на Македонска храна во Америка секоја година привлекува голем број на посетители. Неговата цел била да се промовира македонската кујна и традиција пред американскиот народ. Се служеле кулинарски специјалитети, како сарма, полнети пиперки, ќебапи, домашни колбаси, јагниња и прасиња печени на жар… Нашите иселеници кои што имале слободно време, волонтерски помагале во приготвувањето и служењето на храната. Се слушале стари македонски песни, а истио така се продавале и разни сувенири.

-Датумот на одржувањето на фестивалот не е секогаш ист, но се одржува секогаш околу 8-ми септември, денот на осамостојувањето на Македонија. Два дена дружба, веселби, заборавање на сите проблеми, и што е најважно, овде не се зборува за политика. Сите заедно се забавуваме и уживаме во вкусната храна, без оглед на тоа од која партија сме – ни изјавија лани иселеници од Тиквешијата, кои секоја година биле редовни на манифестацијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости