Азески: Да се дозволи фирмите и граѓаните да купат дел од акциите на ЕСМ

by fokus

„Најевтина струја е таа која што ќе си ја произведеш сам“, порачува претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, пред да упати критика затоа што државата не го искористи периодот за да го зголеми домашното производство.

Тој во вечерашното гостување на Топ тема на Телма, истакна дека стопанствениците имаа неколку предлози за владата, меѓу кои се формирање на заеднички фонд за набавка на енергенси, и да се дозволи купување на дел од акциите на ЕСМ од страна на компании и физички лица. Со тоа, според Азески, сите би имале интерес од доброто функционирање на АД ЕСМ.

Кај стопанствениците уште пред една година имало идеја, доколку владата не успее навреме да ја реши енергетската криза, тие самите да соберат средства и поради набавка на поголема количина, да добијат пониска цена. Предлогот повторно бил даден пред 7 месеци, кога цената била 118 евра, се сеќава Азески.

Се разгледуваат два начини како стопанството би можело да закупи поефтина струја, формирање на заеднички фонд или пак би влегле во некекви сопственички структури на компании кои што продаваат струја.

Поврзани новости