Автомобил удрил во потпорен ѕид, возачот е тешко повреден

by Fokus 14:55
14:55

Автомобил излетал од коловоз и удрил во потпорен ѕид, при што возачот се здобил со тешки телесни повреди, информираа од МВР.

Според полицијата, пред два дена во 19.00 часот на регионалниот пат с.Софилари-Штип, патничко возило „Рено Твинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(65) од Штип, излетало надвор од коловозот и удрилo во потпорен ѕид. Од ударот возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

- Advertisements -

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Поврзани новости