Автомобил удрил во 7-годишно дете во Куманово

by Fokus

Автомобил удрил 7-годишно дете од Куманово, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 18,40 часот во Куманово на улица „Доне Божинов“, С.Д.(30) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во 7-годишно дете, пешак, од Куманово. По незгодата, детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово, а потоа во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје, за понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости