Аврамовска: Северна ја избришав со коректор, изјавата ја потпишав како Република Македонија!

by fokus

Виолета Аврамовска, советничка од редовите на Левица во Совет на Општина Охрид, вели дека изјавата за советник ја потпишала со името Република Македонија, а ,,Северна” ја покрила со коректор.

-Изјавата ја потпишав како Република Македонија, „Северна“ го избришав со коректор. Тоа е моја лична изјава. Јас мандат имам добиено само од граѓаните и никој друг. Законот за локална самоуправа не им е усогласен со уставот, што е нивни проблем.

Јас работам според законот за Локална самоуправа, каде секаде стои Република Македонија. Ако некој има проблем со тоа, може да си поднесе иницијатива до Уставниот суд, да се испита уставноста на тој закон и нека си направат промена. Ние како советници не сме надлежни да дискутираме ни за устав ни за закон-појасни таа за медиумите.

Аврамоска беше носител на советничката листа на Левица во Охрид, а се најде во центарот на вниманието бидејќи на истата како кандидати за членови на Советот имаше дури шест брачни парови.

Тогаш таа за ,,Фокус” изјави дека без оглед на тоа што се работи за сопружници, секој од нив си работи независно, според своите способности.

-Имаме шест брачни парови, наши кандидати, кои заслужуваат да бидат листата. Независно дали се брачни парови, секако дека нивното работење во Советот би било продуктивно и не би предизвикало никакви несакани ефекти-беше нејзиниот став.

Вики Клинчарова

Поврзани новости