По променливите резултати годинава, Тевдовски се надева дека економијата сериозно ќе тргне напред во 2018 година

by Фокус

Четвртиот квартал годинава ќе биде значајно подобар од третиот квартал, што значи дека македонската економија во 2018 година ќе тргне сериозно напред и може да го достигне тоа што го проектираат сите релевантни институции.

Ова го изјави министерот за финансиси Драган Тевдовски, откако по еден квартал стагнација и уште еден во негатива, во третиот квартал економијата пораснала за 0,2 проценти.

-Ние сме апсолутно сигурни дека буџетскиот дефицит проектиран за годинава од 2,9 проценти од БДП ќе биде остварен и нема да биде надминат, па дури ќе биде понизок – рече Тевдовски.

Поврзани новости