Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

by Fokus

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни чија е таа обврска според процедурите и прописите, дека земјиштето е во надлежност на Град Скопје.

-Владата нема предвидено средства, ниту може да предвиди средства за работи кои што се надлежност на друга институција. Жалам што изгледа така, но на изборите, соодветен одговор доби градоначалничката на Град Скопје во однос на изборниот резултат. Граѓаните гледаат и оценуваат и си го дадоа својот одговор, одговори Џафери.

Веќе подолг период, дворот и околината на Владата е целосно запуштен и обраснат со високи треви и отпадоци.

Поврзани новости