БЕСА обвинува дека буџетот е дискриминаторски

by Фокус 21:05
21:05

Пратеникот на „Беса“,  Фадил Зендели, вели дека буџетот што се носи во собранието за следната година е дискриминаторски, иако парламентарното мнозинство прифати 6 амандмани од опозицијата.

-Може да се каже дека буџетот е дискриминаторски бидејќи не гледаме дека има мерки и нови инструменти со кои ќе се спречи оваа дискриминација која продолжува со години. Не гледаме дека има соодветна поделба на средствата, а оваа дискриминација треба да се поправи постепено – вели Зендели.

- Advertisements -

Членовите на законодавно-правната комисија дадоа зелено светло за буџетот за 2018 година. Од 70 амандамани кои беа поднесени од Движењето Беса, само два беа прифатени, додека од 207-те амандмани поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, само четири беа прифатени.

Поврзани новости