Арсовска: Не сум човек ниту на Заев, ниту на Груевски!

by Fokus

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Даниела Арсовска, остро реагираше на реакциите на СДСМ, од каде ја обвинија дека глуми независност. Неа попладнево поддршка и даде опопзициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Искрено жалам што иако кампањата за градоначалник се уште не е започната, нападите кон мене како личност не престануваат. Очигледно мојата кандидатура предизвикува вознемиреност кај одредена структура, па од недостаток на идеи за подобар и достоен живот за нашите сограѓани, некој одбира да се служи со интриги, клевети и манипулации. Сакам да повторам дека никогаш не сум била член на ниту една политичка партија и сум натпартиски и независен кандидат, односно кандидат на скопјани. Меѓутоа во интерес на вистината и за прецизно информирање на скопјани сакам да го кажам следново: Како претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија со господинот Заев имам далеку повеќе средби и контакти на официјални форуми отколку со господинот Никола Груевски. Тоа не значи дека сум човек на господинот Заев, како што не сум човек ни на господинот Груевски. Ако треба да бидам нечиј човек, ќе ја прифатам улогата да бидам човек на скопјани“, порача таа.

 

Поврзани новости